fbpx
Вести

Со Закон ќе се регулира плаќањето на акцизи за тутунопроизводителите

Тутунските компании повеќе нема да можат да акумулираат залихи кај дистрибутерите, а притоа да одбегнуваат плаќање на акцизи. Новите измени во Законот за акцизи, кој е во Собраниска процедура, ќе забранат производителите и увозниците да таложат залихи кај дистрибутерот пред поскапување на цената на цигарите со цел да избегнат плаќање на новите акцизи со што директно би се оштетил јавниот буџет.
Членот 14 од овој законот предвидува при промена на малопродажната цена на тутунот, производителот и увозникот да направат попис и записник на затечените залихи во своите складови, како и во магацините на увозникот. Овластениот дистрибутер прави попис во својот склад, а записникот го доставува до Царинската управа.
 so zakon kje se regulira plakjanjeto na akcizi za tutunoproizvoditelite
Откако ќе ја пресметаат разликата од старата до новата акциза на затечената залиха, производителот и увозникот, барање за доплата на акциза доставуваат до Царинската управа. Доплатата ќе треба да ја извршат во рок од 30 дена. Оваа измена на Законот за акцизи се носи во согласност со европската регулатива за спречување на шпекулативните залихи на цигари.
Согласно законските измени од 2013-тата година, зголемувањето на акцизите на цигарите се одвива постепено во период од 10 години. Од 1 јули годинава па се до 1 јули 2023 година, акцизата ќе расте за 0,20 денари по парче во секоја година.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close