fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Сојузот на земјоделски здруженија има одговорност за „грабежот“на тутунарите,обвинуваат од ИО

Сојузот на земјоделски здруженија има одговорност во сето ова, затоа што можеа да ги повлечат поверениците и на тој начин да ги принудиме откупувачите да дадат посолидна класа, вели Васко Јосифоски, Иницијативен одбор на тутунари.

Тутунарите од цела Пелагонија денеска по трет пат го блокираа патниот правец Прилеп-Скопје кај месноста Заполшкии мост. И денеска како и вчера протестите се закажани да траат 6 часа од 10 до 16 часот. Тутунарите велат дека откупувачите ниту малку не ја подобриле откупната цена иако истото им го ветиле на состанокот кој се одржа пред една недела во Скопје. Обвинуваат дека во моментов се случувал вистински грабеж на нивната мака, а за сето ова како виновник го наоѓаат од Сојузот на земјоделски здруженија, кој е нивен претставник и кој наместо да ги штител нивните интереси воошто не превземал ништо. Бараат Сојузот итно да ги повлечи поверениците од вагите.

„Еве тука имам еден документ, една пресметка од еден тутунар кој предал дел од тутунот и каде што се гледа дека целиот откупен тутун е оценет во 4-та класа. Па тој човек нема да има пари ниту за конците што ги потрошил. А камоли да заработи и да има за живот. Сојузот на земјоделски здруженија има одговорност во сето ова, затоа што можеа да ги повлечат поверениците и на тој начин да ги принудиме откупувачите да дадат посолидна класа“, вели Васко Јосифоски, Иницијативен одбор на тутунари.

„Нема да ја дадеме макатат на нашите деца, значии тие ја земаат маката на нашите деца, сите ние живееме од тоа. Цела година работиме за на крај за еден час да ни се земи тутунот за 100 илии 120 денари за киилограм. А ваму лажат дека тутунот се ценел 150 и 160 денари. Лажат. Еве имавме пресметка декка 15 картони се земени во 4-та класа, како не им е срам и жал само“, истакна Ријат Рамичевиќ, Иницијативен одбор на тутунари.

Денеска во 15 часот ќе се одржи нова средба во Општина Прилеп помеѓу откупувачите, тутунарите и Министерот за земјоделство. На средбата се очекува конечно да се разрешат проблемите и да престанат блокадите. Тутунарите сепак велат дека и да се постигне некаков договор ќе бараат писмени гаранции за истиот за да не бидат излажани како пред една недела. Доколку не се постигне никаков договор најавуваат блокади на откупните пунктови и протест пред Влада, но сепак се оптимисти.

„Моментално што и да ветат ќе одиме тоа да биди на писмено. Не само на збор, вака ќе биди, така ќе бидии, а другиот ден пак ништо да не биди. Ниие се надеваме дека денеска ќе постиигне некој договор, оптимисти сме, па ќе видиме“, рече Тони Ангелески, Иницијативен одбор на тутунари.

Инаку денеска освен во Прилеп се протестира и во другите  региони во Македонија каде се произведува жолтото злато.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close