ВестиМакедонијаТоп вести
Сојузот на Менде Стомнароски се уште молчи за вчерашната средба со премиерот Заев
И „Зелена берза“ се обиде телефонски да го контактира Стомнароски, ама не успеа, бидејќи тој не одговори на нашите повици.
Тутунарите од Фејсбук групата „Македонски тутунари“ го повикуваат претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски јавно да каже што е постигнато со вчершната средба со премиерот Зоран Заев. За средбата единствено се огласи кабинетот на премиерот Заев, но од Сојузот на тутунарски здруженија засега молчат.
И „Зелена берза“ се обиде телефонски да го контактира Стомнароски, ама не успеа, бидејќи тој не одговори на нашите повици.
Премиерот Заев вчера во соопштение до јавноста истакна дека тој и министерот Хоџа ќе ја интензивираат комуникацијата со овластените компании за откуп на тутунот за ова прашање, како и за конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток за кој ќе се бара решение да не биде повисок од 5%.
На средбата со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија, премиерот Зоран Заев истакна дека Владата ќе го следи откупот на тутунот на дневна основа и ќе ги примени достапните можности цената на откупениот тутун на ниво на целата држава да ја достигне просечната цена најмалку од 180 денари.