
Агро бизнисВестиТоп вести
Сончево и многу топло со температури до 39 степени
Од среда до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе биде 9.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=9
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на топла воздушна маса од југ од среда до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе биде 9. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.