fbpx
ВестиМакедонија

Сончево и топло до 20 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.

Утринските температури се двиѓеа од -3 Берово, -2 Маврово, -1 Скопје-Петровец, Битола, 0 Тетово, Струмица, Крива Паланка, Лазарополе, 1 Скопје- Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка, 2 Штип, Прилеп, Претор, 3 Охрид, Куманово, Kрушево, 4 Виница, Дојран.

Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close