
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.