fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на некои повисоки места

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, како и во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека, пак, врнежите се од дожд и снег.

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонијапат”.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, како и во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека, пак, врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close