fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сообраќајот умерен, снег на повисоките места и во реони јужните и западните делови на земјата

Снег паѓа на Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег паѓа на Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава, пренесува Вечер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close