fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Соопштение-Новите тутунски здруженија со поддршка на протестот на оризопроизводителите

Вторник во 10 часот-Облешево-Маката на една земјоделска гранка е мака на сите земјоделци!!!

Соопштение за јавност: Во врска со најавениот протест на оризопроизводителите закажан за ден ВТОРНИК 08-02-2022 година во 10 часот во с. ОБЛЕШЕВО ние : Новоформираните тутунски здруженија од името на тутунарите кои на своја кожа почуствуваа што значат погрешни државни политики, празен стомак и потценет труд се солидаризираме и даваме ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА на истиот на кој активно ќе присуствуваме. Воедно ја користиме оваа прилика во името на оризопроизводителите да ги повикаме сите останати земјоделски гранки да се приклучат бидејќи маката на една земјоделска гранка е мака на сите земјоделци. Гладниот земјоделец значи гладна држава И затоа: Време е заедно и сложно!!!

Со почит Новоформирани тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close