Вести
Соопштение од АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ќе го одбележи 16 Октомври – Светски ден на храната со организирање на промотивен настан за граѓаните.
Настанот ќе се одржи на 14.10.2018 година( недела), од 11,00 до 14,00 часот, во холот на ВероЦентар – Скопје.
Компании од прехранбената индустрија ќе ги претстават своите производи на граѓаните и ќе донираат храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток. За најмладите посетители, организирано ќе биде детско ликовно катче.
Ги покануваме граѓаните да бидат дел од оваа традиционална манифестација која ќе има и хуманитарен карактер.
Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство