fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во сабота на трибината во Прилеп бројот на присутни е ограничен и задолжителен е ковид сертификат

Соопштение до тутунопроизводителите!

Почитувани тутунопроизводители

За трибината која ќе се одржи во Прилеп на ден 19 02 2022 поради ковид протоколите бројот на учесници е ограничен на 40 луѓе со задолжителен ковид сертификат. Затоа јавно им се извинуваме на сите кои пројавија интерес за присуство а нема можност да присуствуваат и замолуваме за разбирање. Но заради огромниот интерес трибини ќе се одржат во сите поголеми општини од сите производни региони за што дополнително ќе бидете известени.

************************************************************************************************************************

Новоформираните здруженија организираат Јавна трибина на тема: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ВО ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО!

Поради проблемите кои се провлекуваат години наназад со откупот на тутун и во пресрет на склучувањето на нови договори за реколта 2022-2023 година, а со цел за решавање на истите и постигнување на повисоки цени по класи за следната реколта: На ден 19 февруари (сабота)-2022 година во конференциската сала на Библиотеката во Прилеп со почеток од 17 часот.

На трибината ќе се говори за проблемите и решенијата во тутунопроизводството

На овој настан  покрај членовите на здруженијата се поканети и Сојузот на земјоделски здруженија и претставници на тутунопроизводители од поголемите производни реони. Поради ограничениот простор, а со цел на запазување на сите ковид протоколи бројот на присутни ќе биде ограничен поради што јавно им се извинуваме на сите кои сакаат да присуствуваат, а не ќе можат и ги замолуваме за разбирање.

Со почит Новоформирани тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close