СОПСТВЕНИЧКАТА НА „ТАФЕ“: ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА СЛАВНИОТ БРЕНД
Штандот на „ИМТ“ на саемот во Нови Сад, го посети Малика Сринивасан, сопственичка на „ТАФЕ“. Задоволна од работната атмосфера, очекува враќање на старата слава на ИМТ.
Малика Сринивасан, претседателката на компанијата „ТАФЕ“ и една од најбогатите и највлијателни деловни жени во Индија, познат филантроп, го посети Новосадскиот саем, на којшто, после неколку години пауза, се претстави „ИМТ“, српски произведувач на трактори, кој неодамна беше купен од страна на „ТАФЕ“.
После обиколката на штандот на ИМТ, на кој соработниците, детално ја запознаа со прототиповите на изложените трактори, Малика Сринивасан, ексклузивно за весникот „Новости“, изјавила дека е исклучително задоволна од купувањето на оваа српска фабрика.
„Со компанијата ИМТ, нас нè поврзува соработка долга, цели шест децении, делиме исти мотори, исти делови на тракторите, а и заеднички работевме“, изјавила Малика Сринивасан. – Благодарение на таа соработка, уште како млада девојка, за првпат со мојот татко, ја посетив тогашна Југославија, а сега еве, повторно сум во можност да ја посетам, затоа што ја искористивме можноста, преку купувањето, да го спасиме ова славно име во тракторската индустрија.
Малика Сринивасан, исто така е задоволна, затоа што гледа дека, работната атмосфера во Србија, значително се менува на подобро.
– Се чувствува дека, работите се менуваат и дека напредуваат – вели Сринивасан. Мило ми е што е така и верувам дека ИМТ ќе стане тоа што беше некогаш.
Сринивасан, за време на посетата, исто така, ги изненадила своите соработници, затоа што без двоумење, седнала зад воланот на најмалиот и најпопуларен трактор на фабриката ИМТ, модел 539, популарниот „фергусон“.
СРИНИВИСАН И БРНАБИЌ ЗА ПЛАНОВИТЕ НА КОМПАНИЈАТА
Претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, разговарала со главната, извршна директорка на индиската компанија за производство на трактори и машини за земјоделство „ТАФЕ“, Малика Сринивасан, во врска со плановите на оваа компанија во идниот период.
Директорката на компанијата „ТАФЕ“, ја запознала премиерката со плановите и подготовките за производство на напредни модели на трактори со ЕУР 3 мотор, нагласувајќи дека, првиот таков модел веќе е претставен на минатонеделниот саем во Нови Сад.
Сринивасан, нагласила дека компанијата, првенствено ќе биде фокусирана на производство на механизација, наменета за малите фарми, која го сочинува поголемиот дел од нивното производство. Таа истакнала, дека е заинтересирана за соработка со Владата на Србија, како би се олеснило купувањето на механизацијата, од страна на споменатите корисници.
Премиерката Брнабиќ, рекла дека Владата на Србија, веќе подготвила кредитна поддршка за земјоделците, за купување на трактори, како и дека се планира и Грантен фонд за набавка на механизација, за произведувачите на овошје и зеленчук.
Сринивасан, истакнала дека компанијата планира и повеќемилионски инвестиции во производни погони во Србија. Според нејзините зборови, целта на компанијата е во следните 5 години, да се произведуваат 5000 трактори годишно во Србија, додека по исполнувањето на сите неопходни услови, би се излегло и на пазарот на Руската Федерација.
Премиерката Брнабиќ, рекла дека Владата на Србија, ќе ја даде целата неопходна помош и поддршка на раководството на компанијата, со цел да се овозможи што полесна реализација на плановите за идниот период.
Компанијата „ТАФЕ“, во април оваа година, за околу 66 милиони динари, го купило правното лице, односно печатот – трговската марка „ИМТ“, фабрика во Јарковец кај Сечањ и технолошки цртежи.
Директорката на компанијата „ТАФЕ“, Малика Сринивасан, која на листата на „Форбс“ за 2017 година, беше рангирана на 63 место, помеѓу 100 најбогати луѓе во Индија, досега повеќепати ја посетила Србија.