fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Совети: Како да одгледувате рен?

Ренот  има многу важна улога за лечење  ревматизам, гихт, болести на желудникот, бубрезите, црниот дроб, жолчката, цревата. Коренот се користи  како додаток  во  храната, но и како зачин.

Оваа билка има лут вкус и е позната по сосовите , кои често се служат со разни видови печења.

Ренот  има многу важна улога за лечење  ревматизам, гихт, болести на желудникот, бубрезите, црниот дроб, жолчката, цревата. Коренот се користи  како додаток  во  храната, но и како зачин.

Покрај коренот и листовите на ренот може да се користат како зачин

Одлично издржува ниски температури и не мрзни.  Најдобро се развива  на температура од 17-20 ° С. Има скромни барања за влага и не сака високи нивоа на подземни  води. Треба да се одгледува на плодна растресита  и исцедена почва. Не толерира почва со pH вредности под 5,5.

Како правилно да расадите рен

Основното обработување на земјата  се изведува во неколку наврати, од кои првото е зимско длабоко орање на длабочина до 30 см. Во пролет, кога времето дозволува, почвата се подготвува и се растресува  до длабочина од 12 см.  Почвата се прихранува  со ѓубре со азот, фосфор и калиум.

Резниците  се земаат во текот на есента  кога се вадат задебелени делови од коренот. Тие треба да бидат долги околу 25 см и дебели до 1,2 см. Горниот крај на резницата  се сече хоризонтално, а долниот косо. Така сечените резници  се чуваат на ладно место во песок.

Ренот од градината  е секогаш повкусен од оној на пазарот – Еве како да го одгледувате

Во пролет  непосредно пред садењето, резниците  се отстрануваат од песокот и се одбираат само здравите. Резниците  треба да бидат засадени што е можно порано во текот на март.

Садењето може да биде рачно и машински. Резниците  се ставаат  во бразди  на растојание  од 35 см и  околу нив се става земја. Ако резниците се покуси и подебели може да се посадат и машински на длабочина од 10 см.

Кога ќе никнат ,  може да се изврши меѓуредна обработка на земјата при што се внимава на младите израстоци. Вообичаено ова се прави два со три пати. Може да се изврши прихрана со азот. Ако има можност за време на сушниот период се препорачува наводнување.

Ренот  може да се бере  во текот на целата година, но  главната жетва  е во есен кога лисјата пожолтуваат.  Може да се вади од земјата  рачно или машински .  Извадените корените се чистат од земјата, и се отсекува врвот таму каде што почнуваат лисјата.

Извор: Агромедиа

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close