вести

Советниците на АПРЗ со нова опрема и униформи

Советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола своите теренски активности ќе ги извршуваат со нова опрема и униформи.Од АПРЗ информираат дека  опремата е донација од битолските компании „Синпекс“ и „Хемометал“ и веќе се користи.
sovetnicite na aprz so nova oprema i uniformi

 

– Со оглед на големиот број на теренски активности кои ги извршуваат советниците од АПРЗ се јави и потребата од нови заштитни униформи, кои советниците на АПРЗ ќе ги користат на терен, кај фармерите во различни услови. АПРЗ во соработка со добавувачите на земјоделска механизација и опрема обезбеди спонзорство од „Синпекс“ и „Хемометал“ и се набавија униформи кои се неопходни во секојдневната работа на советниците. Очекуваме ваквата соработка да продолжи и во иднина бидејќи и АПРЗ и добавувачите на механизација, опрема и репро материјали имаат заеднички клиенти и заедничка цел – да им помогнат на земјоделците во Република Македонија, информираат од АПРЗ.

Советниците на АПРЗ во своите февруарски совети до земјоделците кои што се занимаваат со растително производство посочуваат дека на крајот на месецот во одделни области на земјата почнува развојот на некои од овошните и јагодестите растенија, а заедно со тоа и развојот на предизвикувачите на болести и штетници и затоа земјоделците треба да преземат конкретни заштитни мерки.

– Овоштарите во февруари треба да продолжат со мерките за заштита започнати во јануари. Резидбата што се врши кај јаболката и крушите, како овошки најотпорни на студ, сега продолжува кај црешите, вишните, праските и кајсиите. Местата каде се извршила резидба треба да се премачкаат со мрсни бои за заштита од заразување со болести и штетници. Резидбата треба да заврши до фаза бабрење на пупките. Кај малини, капини и рибизли, кои се одгледуваат на повисоките места, се врши резидба за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња). При поволни временски услови во февруари продолжува грижата за лозовите насади. Затоа се препорачува чистење на старата кора по кордуницата и рамените гранки на лозата. Се режат, се изнесуваат и се горат заболените делови, за да се уништат презимните форми на антракозата, црвениот овошен пајак и други штетници. Во овој месец продолжува и грижата за лозовиот саден материјал, советуваат од АПРЗ.

На крајот од овој и почетокот на идниот месец почнува сеидбата за кромид за производство на арпаџик или директно за главици од кромид. Се прават првите активности за расад од лук, а пред сеидбата треба да се изврши третирање со фундазол за заштита од инфекција од бело гниење, сива мувла, фузариозно венење и др. Семињата на доматите, пиперките и модрите патлиџани се третираат со фунгициди и се расфрлаат мамки против Попово прасе. Со затоплување на времето може да се пристапи кон садење и на компири, информираат од Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close