вестиВиноМакедонија

Станушина- наша единствена автохтона сорта на грозје

Во Македонија постојат неколку автентични сорти грозје, кои растат во поблискиот регион, но само една од нив вирее единствено на македонска почва. Станува збор за станушина – стара сорта грозје што може да се најде само во Тиквешкиот регион.

Станушина – автохтон вид на грозје кое се одгледува само во Македонија и не е пронајдена никаде на друго место во светот. Малку позната е надвор од својата родна земја, сепак таа е погодна за производство на многу квалитетни вина.

Воведувањето на интернационални сорти на грозје предизвикало остар пад на Станушина од видовите на лозови насади во скорешни времиња, заканувајќи се дека ќе се уништи оваа локална разновидност на грозје засекогаш. Согледувајќи го ова, локалните винарии започнале со иницијативи за повторно враќање на оваа уникатна стара македонска домашна сорта во регионот.

Оваа винова лоза е многу отпорнa на суша и штетници и може да се одгледува без наводнување. Овошјето зрее многу доцна, но дава добри приноси, произведувајќи во просек 15-20 т / ха. Добиениот сок содржи приближно 18-20% шеќер и 6-9 g / киселини. Во текот на добрата година, може да обезбеди база за вино со висок квалитет и средна јачина, со 11-12% алкохол. Богата со екстракт, но карактеристично бледа во бојатa, високото ниво на киселина му дава на виното одлична свежина и се препорачува да се зема на температура од 10-16 °C. Станушина обично има светлина на јагодамалинацрна рибизла и арома на сув лист. Тоа го прави одличен додаток на бели и жолти сирења, лесни и крем десерти, листови салати, ореви и слатки. Виното го карактеризира нежна арома на јагоди и малини, а овошните ноти се истакнуваат најмногу кога виното се консумира младо. Најдобро е да се послужи на температура од 10 до 16°C. Одличен избор е кога виното се комбинира со лесни и кремасти пудинзи, а главните карактеристики уште повеќе доаѓаат до израз кога се сервира со зелена салата, сармички, полнети пиперки или со некои полесни јадења.

Бојата на виното добиено од станушина има карактеристична бледа нијанса, богат екстракт и висока киселост, што му дава извонредна свежина на пијалакот. Ова вино го обожуваат и луѓето со префинет вкус, кои при посетата на Македонија никогаш не испуштаат можност да земат барем едно шише со себе.

Во минатото, со навлегувањето на новите меѓународни сорти грозје, почнало да се напушта производството на овој автохтон македонски вид грозје. Во Македонија станушината е малку застапена во производството на црни вински грозја, па со „Нацрт стратегијата за лозарство и винарство (2010-2015)“ [1] се поддржува развојот на нови расадници со сертифициран саден материјал за винова лоза.

Издржлива е, студот не и пречи, но кога ќе влезе во визбата бара внимание. Целата историја на Македонија може да се прераскаже преку неа. Тука опстојува колку и земјава. За сите други сорти може да се спори околу потеклото, но не и за „станушина“.


„Станушината“ е наша, македонска. Тие што негираат се што е наше, негодуваат дека немала боја, арома и тело. Но, веднаш можам да ги демантирам. „Станушина“ има аристократска боја, нежни ароми на јагода, а во телото е грациозна, елегантна и префинета – вистинска Наоми Кемпбел. Токму затоа што е наша, ја љубам и ја промовирам. Вака Јордан Трајков, извршниот директор на винарската визба „Попова кула“, сликовито и со восхит ја опишува сортата грозје која вирее единствено во Македонија. Автохтоната сорта од која се раѓа вкусно розе вино е заштитниот знак и гордост на винарницата, која изминативе години стана неодминлива дестинација за вистинските вљубеници во скапоцениот пијалак.

Главната карактеристика на оваа сорта претставува издржливоста. Во одреден период од минатото постоела опасност да исчезне, поради тоа што малкумина ѝ посветувале доволно внимание, но станушината успеала да опстане.

Од неа се добива вино со висок квалитет.

Вкусете го и вие ова драгоцено вино од единственото вистинско македонско грозје. Кога ќе се напиете само една капка, ќе сфатите дека испивате дел од македонската историја испишана во него.

 

В. С.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close