fbpx
Вести

Старт на пријавувањето штети од минатонеделното невреме

steti

Од денеска почна пријавувањето на штети врз земјоделските површини од невремето на 14 јуни минатата недела. Огромни штети претрпеа посевите во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион.

Од денеска почна пријавувањето на штети врз земјоделските површини од невремето на 14 јуни минатата недела. Огромни штети претрпеа посевите во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион. Земјоделците треба да ги доставуваат барањата за проценка на штети во подрачните единици на Министерството за земјоделство до крајот на месецов. Освен барање, потребно е да се приложат и лични документи, трансакциска сметка и доказ за сопственост или користење на земјиште. 7-те комисии веќе направија првичен увид на настанатата штета која се проценува на 3.000 хектари со овошни, градинарски и со житни култури. Земјоделците од Тетовско незадоволни, за само две седмици прво се излеа поројска река, а потоа се случи невреме кое им уништи 50 хектари посеви.

Зимските снегови, пролетните мразеви и јунското невреме предизвикаа бројни штети врз посевите насекаде низ државава. Родот е драстично намален кај сите култури, а земјоделците најавуваат поскапи производи  летово. Очекуваат двојно помали приноси и послаб квалитет на пченицата, поголем дел од овоштарниците во Преспа немаат род, а праските во Росоман и Кавадарци скапуваат на нивите поради проблемот со откупот. Владата најави дека со нови ладилници ќе ги спасува родот и откупот. Ќе се поттикнело формирање на складишта и откупни центри со капацитет од 5.000 тони, а ќе се поддржувала и изградба на мали ладилници за чување производи со капацитет од 500 тони.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close