fbpx
ВестиМакедонија

Штетата од невремето во август на земјоделски култури во Прилепско е преку 45 милиона денари

Со невремето во август беа зафатени повеќе населени места, помеѓу кои атарите на селата Ерековци, Канатларци, Мажучиште, Селце, Присад.

Прилепските советници на денешната онлајн седница го усвоија извештајот на Комисијата за елементарни непогоди и констатираа дека невремето на 17,19 и 25 август годинава уништи земјоделски култури на 284 хектари, а вкупната штета се проценува на 45 милиона и 308 илјади денари. Со невремето во август беа зафатени повеќе населени места, помеѓу кои атарите на селата Ерековци, Канатларци, Мажучиште, Селце, Присад.

Светниците денеска донесоа повеќе одлуки. Ја донесоа програмата за работа и финансискиот план за 2021 година на ЈКП „Пазари”, а дадоа согласност и за финансискиот план и за измените на годишниот план за вработување во наредната година во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник”.

„Зелено светло” од советниците доби и одлуката за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на спортката сала во прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски”. На седницата беа усвоени повеќе барања на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти.

https://www.biznisvesti.mk/prilepski-sovet-shtetata-od-nevremeto-vo-avgust-na-zemjodelski-kulturi-vo-prilepsko-e-preku-45-miliona-denari/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close