fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Штетите од ланското невреме во Преспа проценети на 265 милиони денари

Вкупната сума која Општинската комисија за проценка на штети од невремето ја пресмета за обештетување изнесува 265 милиони денари. Од нив 250 милиони денари се за обештетување на земјоделците, за штетата направена по овоштарниците, а 15 милиони денари за обесштетување на објекти и автомобили.

Комплетниот извештај за обесштетување на граѓаните и земјоделците од невремето во јули лани, е изготвен и пратен до Државна комисија за проценка на штети, потврди за „Зелена берза“ градоначалникот на Општина Ресен Живко  Гошаревски. Лани регионот на Долна Преспа го зафати ураганско невреме со силен дожд и ветер. Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи, а настрадаа и  овоштарници и ниви. Штети се проценети на 430 хектари под земјоделски култури.

Вкупната сума која Општинската комисија за проценка на штети од невремето ја пресмета за обештетување изнесува 265 милиони денари. Од нив 250 милиони денари се за обештетување на земјоделците, за штетата направена по овоштарниците, а 15 милиони денари за обесштетување на објекти и автомобили.

-Со постојаната Комисија за проценка на штети направивме голема и опсежна проценка која во февруари годинава помина на Совет  на Општина Ресен, а на трети март ја испративме до Државна комисија за проценка на штети. Извештајот е усвоен и пратен до Државна комисија за проценка на штети. Нашата обврска ја завршивме, сега извештајот треба да помине низ државните институции  и да биде вметнат во ребалансот на Буџетот за да се исплати обештетувањето. Проценката е 265 милиони денари и за земјоделски површини и за градежни објекти и возила, потврди Гошаревски.

Невремето лани во јули го погоди регионот на Долна Преспа, селата од граничниот премин Маркова Нога, Наколец, Крани, Штрбово, па се до Сливница. Настрадаа овоштарници, ветрот откорна многу покриви од градежни објекти и сруши дрвја врз автомобили.

-За оваа проценка  беа користени методологии од различни институции, бидејќи не беа засегнати само земјоделците, па се консултираат и Заводот за статистика, и ЈП за станбен и деловен простор и осигурителните компании. Затоа проценките се правеа подолг период, рече Гошаревски.

 

Обештетување и за пролетните мразови

Што се однесува до актуелните состојби со пролетните мразеви, за што овоштари од Преспа се жалат дека ниските температури во април им направиле штети при цутењето на јаболкниците, а штетите некаде се и до 90 проценти,  градоначалникот Гошаревски вели дека разговарал со здруженија на овоштари од Преспа, така што и за оваа состојба увид ќе направи Комисијата за проценки на штети, но најверојатно после месец мај, кога штетите ќе бидат повидливи врз родот на јаболката.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close