Вкупно 1.500 садници багрем за пошумување локации кои беа зафатени со пожар, набави Општина Штип на иницијатива на Здружението на пчелари „Нектар“.
Како што информира денеска советникот за екологија во Општината Влатко Панев, дрвцата ќе бидат засадени во опожареното место Клисибаир.
– Се надеваме дека оваа практика ќе стане традиција. Со неа ја најавуваме и пролетта, убавото време, и апелирае до сите граѓани што помасовно да ги засадуваат опожарените места, рече Панов на прес-конференција.
Според претседателот на Здружението на пчелари „Нектар“ Марко Миховски, иницијативата на пчеларите е со цел на опожарените места повторно да има дрвца. Багремот е и медоносен вид, а најмногу успева на штипското поднебје.