fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Сточарите на средба со Трипуновски, нема информација околу недоисплатените субвенции по грло овца

Министерот Трипуновски објави дека со сточарите разговарале за актуелната состојба, како и за мерки за унапредување на овчарството во Македонија

Министерот Цветан Трипуновски објави дека денеска имал средба со сточарите, одгледувачи на овци. Нема детални информации за што разговарале министерот Трипуновски и сточарите и дали ќе се најде решение за доисплата на субвенциите на сточарите кои не зедоа пари за грло овци.

„Денеска остварив средба со одгледувачите на овци, на која разговаравме за актуелната состојба, како и за мерки за унапредување на овчарството во Македонија.
Присутните одгледувачи на овци истакнаа дека во наредниот период ќе дадат и свои предлози во делот на изготвување на Програмите.
Во 2026 година продолжуваме со отворен дијалог со земјоделците и со политики што ќе придонесат за развој на македонското земјоделство, објави министерот Цветан Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close