Стопнаска комора на Македонија: „Македонската економија во тековниот и во пост-Ковид 19 периодот“
Денеска, членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија ќе добијат еден исклучително важен документ, со наслов: „Македонската економија во тековниот и во пост-Ковид 19 периодот.“ Основната негова поента е најголемата и најбројна бизнис заедница во државата да направи пресек на состојбата и да изгради свое мислење за периодот после кризата.
Ако се вратиме назад на 24.03.2020 година, ќе констатираме дека Стопанската комора на Македонија во целиот изминат период беше на висина на задачата.
Прво, формираше Кризен штаб кој функционираше беспрекорно, особено во отворањето на закочените коридори за снабдување, што во тој момент беше најтежок проблем.
Второ, со секојдневните прес-конференции и активности на терен им помогна на компаниите во првичното неснаоѓање, но беше и голем ослонец на Владата, во проценката на состојбите и мерките што мораше да се носат.
Трето, нашите членови во Економскиот совет на Владата дадоа огромен придонес во креирањето на мерките коишто успеаа да го намалат страотниот удар врз економијата.
Четврто, огромната наша активност во периодот на летните месеци сигурно имаше свое влијание врз намалување на последиците од вториот бран, кој дојде оваа есен, побрзо од очекуваното.
Петто, сега од нас се очекува да направиме реален пресек и да предложиме свое видување за пост-Ковид 19 периодот за посилна македонска економија.
Токму овој документ по кој ќе се води расправа во месец декември, ќе биде нашиот придонес во градењето на заедничката политика за справување со пандемијата и економската криза. Затоа, ги повикувам сите членки на Стопанската комора на Македонија активно да се вклучат во конципирањето на овој документ, кој настана врз основа на најсериозната анкета што сме ја направиле досега, а ќе се надгради со суштинска дебата на сите вас, напишано е на веб страницата на Стопанската комора на Македонија.