fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите

Во август се очекува вториот турнус, а какви ќе бидат цените ќе покаже времето.

Екстра квалитет, добар пласман и солидни цени, вака помина првиот годинашен турнус во градинарството, велат производителите. Но, вториот, што се очекува во август, се уште е неизвесен, пред се од аспект на приносот. Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот и да го намалат родот.

Покрај нестабилното време, земјоделците како многу посериозен и долгорочен го посочуваат проблемот со се помалиот број површини под градинарски култури. Како што истакнуваат, површините се преполовени, производството главно се сведува на зелка и индустриски пипер, а значително, речиси двојно, е намален и бројот на производители.

-Задоволен сум од пласманот на првиот производен циклус, пиперот беше 60 – 70 денари, доматот во сезона одеше по 60 – 65 денари, додека розовиот домат ќе биде околу 50 денари. Во август се очекува вториот турнус, а какви ќе бидат цените ќе покаже времето. Стравувавме дека ако продолжат интензивните, поројни врнежи, ќе биде лошо. Тоа секако ќе се одрази врз квалитетот, посебно кај оние површини кои навреме не беа заштитени. Сепак, останува да видиме, вели Ристо Велков, земјоделец и претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.

Тој укажува дека поголем проблем од овој со временските услови е тоа што веќе, како што оценува, нема кој да работи.

-Нема веќе кој да работи, тоа е проблемот. Малку се сади. Површините се сигурно намалени за 40 проценти, а можеби и за 50 отсто. Интерес нема, посебно не за домат и краставица, зашто овие две култури бараат повеќе работа. Претежно се сади зелка и индустриски пипер, истакнува Велков. https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close