fbpx
Вести

Стрежевската акумулација ќе ги задоволи потребите за вода

Пелагониските земјоделци што за наводнување  ги користат водите од хидросистемот „Стрежево“, годинава ќе можат да ги задоволат сите потреби. Потребната вода за расадување и поникнување на пролетните култури ја добија и во април, бидејќи  овој месец имаше високи температури. За годинешната реколта, рокот за пријавување на површини по култури истекува за една недела, а „стрежевци“ се оптимисти  дека годинава површините што ќе се наводнуваат ќе бидат поголеми.
strezhevskata akumulacija kje gi zadovoli potrebite za voda
– Ако лани имавме повеќе пријавени површини во однос на претходната година, оваа година очекуваме тој тренд да го продолжиме и да добиеме зголемување за 10 проценти на површини од 7- 8. 000 ха пријавени површини- рече Марјан Геровски, директор на ХС „Стрежево“.
За среќа, покрај тоа што оваа зима врнежите на снег беа далеку под просекот, акумулацијата „Стрежево“ е во одлична хидролошка кондиција.
– Во моментов во акумулацијата има 96,5 милиони м3 вода и земајќи предвид дека приливот е добар, очекуваме до почетокот на јуни да биде над сто милиони м3- рече Геровски.
Капацитетот на стрежевското езеро е 120 милиони м3 вода, а покрај земјоделците, водата се користи за потребите на индустријата и за градскиот водовод на Битола, со исклучително поволни цени- еден денар по м3 за наводнување во земјоделието, 5 денари на водата за пиење и десет денари по м3, за индустриските капацитети.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close