Вести
Струмичките земјоделци се преориентираат на овоштарство
Овоштарството полека го потиснува раноградонарското производство во струмичко. Наместо познатите пластеници, се почесто се подигаат овошни насади на струмичките ниви. Помалку инвестиции и труд, загарантиран откуп.
Трговците велат дека иднината на македонското земјоделство е овошјето, бидејќи климата е идеална, а има голем интерес и на европските пазари.
Во моментов почнува да се откупува модрата слива. Цената е 25 денари за килограм, колку што се плаќаше на самиот старт и за доматот, чие производство е далеку поскапо и потешко. Производителите велат дека експанзијата на овошјето се должи и на тоа што новите сорти овошки кои ги садат земјоделците, се отпорни и даваат добар плод.