вести

Струмичко-винички проект за органско производство

Органски производители од Виница и Струмица преку соработка и размена на искуства ќе работат на развивање на свеста кај населението за бенефитите и потребата од пренасочување кон здрави навики со храна без отрови. Обединувачка алка се здруженијата „Агро Винка“ од Виница и „Хорти-еко“ од Струмица.

strumichko vinichki proekt za organsko proizvodstvo

 

Викендов струмичкото здружение беше во посета на органски фарми во Блатец, посети органски пчеларник и производител на гоџи бери, а минатиот викенд виничките производители пак ги посетија производителите на органски киви и аронија во селата Дражево, Коњарево и Габрово.

– Целта е спроведување активности со кои ќе се стимулира органското производство во двата региони, подобрување на условите за развој на органското прозиводство, анимирање на нови членови, промоција на струмичкиот и виничкиот регион пред домашните и странските потрошувачи на органска храна, изјави  Томе Тимов, претседател на Здружението „Хорти-еко“.

Претседателката на ЗЖЗ „Агро-Винка“, Олга Стоименова рече дека нивна заедничка работа е да престојуваат на терен и да  црпат искуства, добри и лоши практики од директниот производител, како и лични контакти со директниот потрошувач.

„Магичниот пат на органското производство“, како што е насловен заедничкиот струмичко-винички проект ќе биде сумиран во едукативен видео филм. Овој втор заеднички проект, двете здруженија го реализираат со поддршка на Мрежата за рурален развој, а комплетно финансиски поддржан од УСАИД.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close