Студено и ветровито со сончеви периоди
Во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени.
Најстудено утрово е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија.
УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, а 14 сантиметри во Крушево.
Во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.