Субвенции за ефикасни системи за наводнување
Поголеми субвенции се планираат за земјоделците кои нивите со сончоглед и со пченка ќе ги наводнуваат со системите капка по капка и ќе применуваат современи агротехнички мерки. Повисоките приноси и дополнителните финансии треба да ja намалaт увознатa зависност од добиточна храна.
Еден од клучните фактори за подобрување на земјоделското растително производство ќе биде воведувањето на нови ефикасни методи за наводнување на земјоделските површини.
Инвестициите во нова опрема за наводнување ќе бидат следени со советодавни упатства за примена на агро-технички мерки кои треба да овозможат максимални приноси и приходи од земјоделските површини.
За поголема примена на ваквите инвестиции, за културите кај кои е докажано влијанието на наводнувањето се планира зголемена финансиска поддршка, односно 12.000 денари по хектар.