Субвенции за купени земјоделските репроматеријали бараат земјоделците од Струмичко
Во моментов земјава се соочува со увоз на зеленчук по високи цени. Идниот месец се очекуваат и првите произведени количини од струмичкото поле кои за разлика од ланските ќе бидат поскапи заради што земјоделците бараат субвенции на земјоделските репроматијали
Памуков од струмичко Куклиш ги спремаше пластениците за засадување со домати. Планира да посади околу 15 илјади корени, но тврди дека уште од старт му се зголемени трошоците заради високите цени на репроматирјалтие заради енергетскта криза.
Според него ѓубривата се зголемиле за речиси 100 проценти и бара државата да ги субвенционира по основ на фискалните сметки за купени репроматријали и ѓубрива до 50 проценти за да производната цена на зеленчукот пролетва биде и пониска.
Реагираат и земјоделските здруженија. Сметаат дека зголемените трошоци на земјоделсктие репроматирјали конкретно за раноградинарството ќе предизвика да се намалат и површините под зеленчук. Ристо Велков од Агросојуз смета дека зголемувањето на цената на горивата, енергијата, ѓубривата и неизвесноста по која цена ќе се продаде произведениот зеленчук ги демотивира произодителтие да ги зголемат површините.
Во моментов земјава се соочува со увоз на зеленчук по високи цени. Идниот месец се очекуваат и првите произведени количини од струмичкото поле кои за разлика од ланските ќе бидат поскапи заради што земјоделците бараат субвенции на земјоделските репроматијали.https://www.24.mk/details/subvencii-za-kupeni-zemjodelskite-repromaterijali-baraat-zemjodelcite-od-strumichko