Субвенциите за вработување ќе се делат според тоа колку се застапени етничките заедници во земјата
Во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор
Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, денеска појасни дека вчера на владината седница било договорено субвенциите за правична застапеност на вработувањата по етнички критериум во приватните компании всушност да се распределуваат процентуално онолку колку што изнесуваат етничките заедници во земјата.
Во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор и тие, според она што го вели министерката, треба да се распределат според етничката структура во земјата и според принципот на рамномерен развој, односно да се дадат повеќе субвенции во оние региони кои се помалку развиени.
– Ова е потврда на принципот на инклузивност и диверзитет согласно меѓународни стандарди Со вицепремиерот Артан груби сакавме да го пресликаме општеството во овие мерки. Значи, рамноправно учествои, меѓутоа во услови кога имате припадници од различни етнички групи, нивната репрезентативност да биде на ист начин како што тие се застапени во општеството, појасни Шахпаска.https://faktor.mk/shahpaska-subvenciite-za-vrabotuvanje-kje-se-delat-spored-toa-kolku-se-zastapeni-etnichkite-zaednici-vo-zemjata