Светските цени на храната во мал пораст

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Светските цени на храната во април бележат мало зголемување. При тоа растечката вредност на растителните масла и некои житни производи компензира за падот на цената на млечните производи и шеќерот.

svetskite ceni na hranata vo mal porast

 

Ова го соопшти Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) на ОН.

Индексот на прехранбените производи на ФАО, кој ги одразува сезонските измени на цените на житото и млечните производи, месото, шеќерот и растителните масла, во април се искачи до 151,8 поени во споредба со 149,5 поени во март.

Но, цените на храната на меѓународните пазари во април практично се 10 отсто пониски од истиот период една година порано, забележуваат од организацијата.

ФАО прогнозира дека производството на жита во периодот 2016-2017 година ќе биде 2,526 милијарди тони, што значи практично нема да се промени во споредба со претходната година, но ќе ја надмине мартовските оценка. Организацијата, исто така, ја зголеми прогнозата за светската жетва на пченица до 716,9 милиони тони за земјоделската 2016-17 година.