Светското производство на пченица ќе се намали за 1,4 отсто

(Oвој напис е објавен на: February 23, 2017)

Производството на пченица годинава ќе падне за 1,4 отсто, поради сувото време кое ќе предизвика намалување на засадувањето во текот на зимскиот период.

Производството ќе забележи пад поради помалите насади во Русија и Украина, според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

svetskoto proizvodstvo na pchenica kje se namali za 1,4 otsto

 

“FAO” во својата прва прогноза за жетва на пченицата во светот во 2016-та година, процени дека вкупното производство ќе изнесува 723 милиони тони, што е околу 10 милиони тони под минатогодишното рекордно производство, се наведува во соопштението на оваа организација.

Од друга страна, Кина и Пакистан ќе евидентираат речиси рекордна жетва на пченица со очекуваното закрепнување на производството во Индија.

Во најновиот извештај “Понудата и побарувачката на пченица”, “FAO” ја намали проценката на ланското вкупно производство на житарици на 2.525 милиони тони, поради тоа новите проценки за производство на пченица во Индија и ревидираните податоци за производството во Иран.

Вкупното производство на пченица, како што се наведува во извештајот, било за 1,4 проценти пониско во однос на рекордното ниво од 2014-та година.