fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците да аплицираат за субвенции по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади

Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 сацници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 сацници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година.

Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади.

„Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција“, велат од МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close