fbpx
ВестиМакедонија

Околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување

Станува збор за луѓе кои долги години немаат никакви примања, а најголем дел од нив се од Куманово, Велес и Штип.

Во Македонија околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување, вели Лилјана Георгиевска од Здружението на стечајни работници УНИТ.

Станува збор за луѓе кои долги години немаат никакви примања, а најголем дел од нив се од Куманово, Велес и Штип. Георгиевска се надева дека со новиот закон, ќе бидат опфатени оние кои се најстари и најизнемоштени стечајци и дека и тие ќе добијат помош од државата.

„Тоа се луѓе кои со години се без примања, и живееја многу тешко, или на товар на децата или од социјална помош. Се надевам дека со новиот закон ќе бидат обештетени. Треба да се седне и да се утврдат критериумите, засега нема детали и не можам ништо повеќе да кажам. Очекувам дека законот ќе излезе во март, за да се аплицира во април, мај, пред да бидат распишани локалните избори. Досега во повеќе наврати беа обештетени околу 13.000 стечајци“, вели таа.

Во меѓувреме, се анализира ново законско решение за стечајците. Премиерот Зоран Заев минатата недела одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, изјави дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатила малата група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање во согласност со условите од претходните законски решенија. Статусот не им е решен поради преодот oд државни во приватни претпријатија. Заев смета дека со олеснување на критериумите ќе биде опфатена и таа мала група на стечајци. Премиерот објасни дека со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата. За време на владеење на претходната власта, стечајците многу пати излегуваа на протести и бараа државата да им помогне, затоа што долги години работеле и придонесувале за општеството.ttps://faktor.mk/okolu-1000-stechajci-koi-15-godini-se-bez-denar-chekaat-obeshtetuvanje

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close