fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зимските температури ги одржуваат овошките во фаза на мирување – ќе имаме ли родна година?

Овие временски услови се поволни за овошните дрвца, затоа што опасност од минусни температури и мразеви и натаму има, рано е за нивно цветање, а дури по месец дена ќе се знае дали оваа година ќе имаме богат род кај овошките или не. 

Периодов во земјава имаме зимски температури кои се добри за овошките и ги одржуваат во фаза на мирување.

Агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР вели дека овие временски услови се поволни за овошните дрвца, затоа што опасност од минусни температури и мразеви и натаму има, рано е за нивно цветање, а дури по месец дена ќе се знае дали оваа година ќе имаме богат род кај овошките или не.  Ангелески додава дека температурите кои ги имаме деновиве се добредојдени за посевите.

„Овие температури се добри за житариците, во спротивно тие ќе ги потрошат јаглехидратите и нема да бидат толку отпорни понатаму. Од понеделник бадемот ќе почне да цвета, посебно оние дрвца кои се со експозиција на јужната страна. Другите дрвца засега се во фаза на мирување, и тоа е добро, затоа што знаеме дека лани при крајот на март и во почетокот на април имавме снег и  ниски температури. Засега е рано да се процени дали оваа година ќе биде родна. Периодов е добар за закројување на лозје, и земјоделците интензивно треба да се зафатат со тие обврски, а исто така може да се врши и кроење на дрвца“, вели тој.

Лани дел од овошјето кое вирее на нашите простори имаше високи цени, токму поради измрзнувањето и намалениот род. Некои  видови овошје се продаваа по цена од 80 или 90 денари по килограм.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а утре ќе има умерен до засилен северен ветер, повремено со брзина над 60км/час. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во пораст, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во неделаТемпературите ќе бидат од 5 до 16 степени.https://faktor.mk/zimskite-temperaturi-gi-odrzuvaat-ovoshkite-vo-faza-na-miruvanje–kje-imame-li-rodna-godina

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close