
Бруто просечна плата во Македонија е 64.697 денари, додека нето е 43.050 денари
Просекот во Административни и помошни услужни дејности е 34.045 денари (+ 12%), додека просечната плата во Образование се зголемила за 11,4 проценти и е 42.936 денари
Во јануари е исплатена просечна плата од 43.050 денари. За 8,9 проценти повисока во споредба со минатогодишниот јануари. Ова е нето-износот, додека бруто е 64.697 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.
Зголемувањето е засновано на движењата забележани кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во три сектори. Во Уметност, забава и рекреација просечната плата е повисока за 15,6 насто и е на ниво од 43.927 денари. Просекот во Административни и помошни услужни дејности е 34.045 денари (+ 12%), додека просечната плата во Образование се зголемила за 11,4 проценти и е 42.936 денари