fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пожар зафати куќа и занаетчиска работилница во кавадаречко Возарци

Пожарот се случи во кавадаречкото село Возарци

Од кавадаречката Територијална противпожарна единица, информираа за МИА дека интервенирале најбрзо што можеле, гаснеле петмина пожарникари со две противпожарни возила и спречиле поголеми штети. Куќата била опожарена, а работилницата делумно изгорена.

– Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета. Засега со сигурност не можат да се кажат причините за пожарот, соопштија од Противпожарната единица.

Очевидци изјавија дека брзото гаснење на пожарот од страна на пожарникарите не дозволило огнот да остави поголеми последици.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close