fbpx
Вино

таму каде што Дунав го бакнува небото, се прави континенталниот Вранец

 

 

vranec

Природните ресурси на Подунавјето, недалеку Ердут- со голема инвестиција, амбиција, упорност и стратегија, семејството Брзиќ резултирале со одлични вина и единствена локација на винаријата за врвни доживувања на овој источен дел на Хрватска. Винаријата е сместена на висина од 80 метри над Дунав и осигурува несекојдневен поглед на оваа голема река.

Грашевина/ chardonnay се нивни адути во палетата на бели вина, а cabernet auvignon/merlot од црните. Последен, а не помалку вреден е Вранецот кој резултира со одлично вино во купот на нивните црни сорти.

Вранец од Дунав

,, Вранецот е исклучително ретка појава на континентот и претставува своевиден раритет во подунавјето. Одлучивме за него затоа што на овој локалитет затекнавме стар насад кој го обновивме и му дадовме важно место во формирањето на нашата понуда.

Наша стратегија е да со постигни маскимален квалитет на овие 6 хектари лозје и да станеме дел од понудата на поголем број ресторани. Сакаме да се позиционираме со квалитет па во перспектива да ја прошириме понудата на уште две вина“, вели Иво Брзиќ- првиот човек на оваа винарија, инаку по потекло од Загвозд. Можи да се кажи дека се и атипични затоа што им дале мала предност на црните сорти во винскиот регион каде што доминира грашевината.

Иво, сопругата Снежана и нивните пет деца стојат заеднички зад релативно новата винска приказна. Деловно докажани во браншата на земнјоделството, сега го развиваат новиот туристичко- вински концепт и во оваа рана фаза резултатот е веќе видлив- ,, Традицијата е важна за секое име во винскиот бизнис, а ние полека и стрпливо ја градиме сакајќи да креираме сопствен бренд и идна побарувачка за нашите производи. Ориентирани сме на помали количини и посебен пристап кон секој купец. На некој начин ова е е применет хедонизам“, вели Иво на кого не му фали страст и амбиција за оваа работа.

Наскоро и нови инвестиции

Се најавува во блиска иднина проширување на капацитетите на визбите и логистичките простории, затоа што со изборот на технологијата се во мал ннедостаток на производствен простор.

Квалитетот на виното, убавината на околината и страста спрема работата ја ставаат Винаријата на Брзиќ на важно место на винската карта на Подунавјето. Тоа е место кое сигурно ќе го посети секој вистински винољубец кога ќе се најди во близина на Осијек.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close