fbpx
ВестиМакедонија

Кумановските чевларски компании бараат поддршка за раст на производството

Чевларските компании од Куманово бараат да продолжи поддршката од државата за да го поминат кризниот период.

Чевларските компании од Куманово бараат да продолжи поддршката од државата за да го поминат кризниот период. Тие се надеваат дека ќе влезат во петтиот пакет економски мерки со кои е предвидена поддршка. Индустријата која генерира близу 3.000 вработени од градот се соочуваше со колапс на почетокот од ширењето на пандемијата, поради поврзаноста на компаниите со државите кои беа првично погодени, Кина од каде набавуваат репроматеријали и Италија каде ги извезуваат полуготовите производи.

Според податоците на здружението на чевлари Куманово, состојбата и сега не е идеална, но надминати се најкрупните проблеми. Оттаму велат дека поддршката на државата им значела да ја надминат кризата, а се надеваат дека таа ќе продолжи и во овие месеци сè до пролетва кога очекуваат закрепнување. Од чевларското здружение „Куманово“ велат дека лани на почетокот од 2020 во април работеле само десет проценти од вкупниот број компании, сезоните биле прекратки, фирмите се соочиле со намалувањето на производството, дел од работниците кои биле под договор останале без работа извесен период и повторно биле ангажирани откако компаниите почнале со работа. Во оваа состојба на чевларските компании значително им помогнала владината поддршка за минимална плата. Во здружението има 40-тина фирми, но има и фирми кои не се членки на здружението. Во зима, компаниите произведуваат за летна сезона, но во Италија се беше затворено и имале помалку нарачки.

– И после година дена сè уште е тешко. Бевме најзагрозен сектор, поради поврзаноста со Италија и Кина. Нашите италијански партнери уште ги чуствуваат последиците, а тоа се рефлектира и кај нас. Лани сезоната знаете како почна. Некои колеги воопшто немаа работа, италијанските компании, поради кризата не ни пуштија работа за две сезони, сега сме во контакт со техничарите од Италија и таму помалите фирми не успеале да ја надминат кризата, а оние кои работат во моментов, работат со намалено производство. Ние најискрено се надеваме дека годинава малку ќе се поправи состојбата, очекуваме од пролет. Промената на сезоната и онака е тешка за нас, а особено сега во време на пандемија, вели претседателката на Здружението и сопственик на компанија „Де Марко“ од Куманово, Лидија Милановска.https://nezavisen.mk/kumanovskite-chevlarski-kompanii-baraat-poddrshka-za-rast-na-proizvodstvoto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close