fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нов водоснабдителен систем за Негорци

Пред дваесетина дена завршивме и со изградбата на новиот цевковод за населеното место Прдејци, и овде имаме нов водоснабдителен систем

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го означи ставањето во функција на новиот водоснабдителен систем во населеното место Негорци кој бил приоритетно барање на ова населено место за време на последните локални избори.

– Покрај овој проект, во изминатиов период, во изминатите 3 месеци на територијата на цела општина, и во градот и во населените места беа реализирани или во тек се повеќе проекти. Пред дваесетина дена завршивме и со изградбата на новиот цевковод за населеното место Прдејци, и овде имаме нов водоснабдителен систем, кажа во изјава за медиумите градоначалникот Сарамандов.

Тој информираше за завршените проекти досега и рече дека во наредниот период ќе се асфалтира и улицата „Кирил и Методиј“ во Гевгелија, улицата „Лазар Велков“ во Негорци и улица во Прдејци, а следната недела ќе продолжи со реконструкцијата на улици во Смоквица во Миравци и во Давидово.

– Исто така, пред три-четири дена завршивме и со изградбата на три детски игралишта во Богородица, во Негорци и во Прдејци, а завршивме и со партерното уредување пред црквата во Горничет, рече Сарамандов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close