Во месец март тутунарите ширум Македонија започнуваат со подготовка на леите за производство на расад за тутун. Оваа година сме во можност да им се придружиме и да им ги презентираме практично ефектите кои ги нуди нашиот производ во производството на расад за тутун. Се надеваме на добра соработка, затоа што опфаќаме повеќе региони во државата. Најприсутни ќе бидеме во Пелагонискиот регион, каде пробно Тераграмин ќе се употреби за расад во 150 домаќинства распоредени во повеќе од 40-тина села. Во Радовишко, застапени сме во 30 домаќинства, во Струмичко 40 домаќинства, во Велешкиот крај 20-тина. Задоволни сме од одзивот и заинтересираноста на тутунарите.
Поради тоа што повеќето од нив произведуваат и други култури, како на пример пиперка, нивна желба е Тераграмин да го испробаат и на оваа култура, која се произведува традиционално и во Пелагонискиот крај и во Струмичко. Подготовките се при крај и се очекуваат единствено поволни временски услови за старт на сезоната. Нашата екипа од стручни лица Агрономи, како и вообичаено ќе биде присутна на теренот со земјоделците, ќе ги следи сите промени во производството на расадот и ќе им дава насоки за примена на Тераграмин при расадувањето на готовиот расад на нива. Возбудени сме пред почетокот на активностите на терен и овој период го користиме за последните препораки и насоки за правилна подготовка на леите со примена на Тераграмин.
Вообичаено пред подоготовката на леите, земјоделците убаво ја окопуваат почвата, потоа расфрлаат арско ѓубре, кое треба добро да се измеша во почвата и ја формираат леата со саканите димензии. Најчесто леите се по 10 м2. Наша препорака е при фрлањето на арското ѓубре, да се растури и Тераграмин во количина од 1кг/м2 и добро да се инкорпорира во почвата. Кога ќе дојде ред за сеење, леата убаво се натапкува, се рамни, семето се расфрла и одозгора се покрива со готова смеска од арско ѓубре, песок, земја, некаде како во Лозово користат и комиње итн. На крајот се полева добро со вадалка и тековно се следи во развојот.
Поради употребата на Тераграмин при подготовката на леата се подобруваат условите за `ртење, побрзо проникнување на семето и полесно одржување на влажноста за рамномерен раст на расадот. Вака подготвената почва е ровка, растресита и со поголем капацитет за задржување на влагата и хранливите материи и нивно подолготрајно искористување. Со регулацијата на водно-воздушниот и топлотниот режим што се постигнува со Тераграмин, се добива здрав и напреден расад, кој понатаму успешно ќе се прилагоди на новите услови при пресадувањето на нива. Ги повикуваме сите тутунари оваа сезона да применат Тераграмин при подоготвката на леите, како и на нива при расадувањето, каде што со ѓубре-растурач се расфрла 1 тон/декар за период од 5 години.