fbpx
Вести

Тешка година за пчеларите

pcelari

Да се прогласи елементарна непогода, а владата финансиски да интервенира со цел да се намалат загубите, бараат пчеларите од источниот дел на државата.

Да се прогласи елементарна непогода, а владата финансиски да интервенира со цел да се намалат загубите,  бараат пчеларите од источниот дел на државата. Тврдат дека годината е катастрофална, приносите од мед се минимални, а сушата е причина за угинување на околу 50% од пчелните семејства. Годинава ќе нема мед, а она што одвај ќе се собере од кошниците ќе се продава за повеќе од 400денари. Поради ова бараат итен состанок со ресорниот министер.
Но не само сушата му пркоси на македонскиот мед. Пчеларите тврдат дека по маркетите под брендот македонски се продава  увезен мед од Кина и Молдавија.
 Сушата ги испразни кошниците и ја качи цената на медот. Во источниот регион  една тегла мед се продава за 400, а во западна од 500 до 600 денари.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close