Тетовскиот грав се помалку го има, вели Живко Иљоски од тетовско Жилче
На Зелениот пазар оваа година мала е понудата на тетовски грав, а цената достигнува и до 300 денари за килограм.
Производот кој се смета за бренд за тетовскиот крај, гравот, годинава со слаби приноси. Живко Иљоски од тетовско Жилче, долгогодишен земјоделец, вели дека има и финансиски загуби поради сушниот период затоа што нема род ниту за продажба, ниту за сопствена употреба. Тој ја оценува оваа година како најлоша до сега.
На Зелениот пазар оваа година мала е понудата на тетовски грав, а цената достигнува и до 300 денари за килограм. Се продава и од увозниот по пониска цена.
И покрај високата цена има побарувачка за тетовскиот грав, а за поголем дел од граѓаните е скап, поради што купуваат во маркетите од увозниот.
Тетовскиот грав е познат по добриот вкус и крупното зрно. Често овој бренд се злоупотребува, бидејќи во последните години се помалку го има, па така како тетовски грав се нуди и увозниот, најчесто од Киргистан .