fbpx
ВестиМакедонија

Тие што добија поврат на ДДВ два пати да не се надеваат на исплата ако не ги вратат парите

Иако исплатата почна на почетокот на февруари има граѓани кои не го добиле повратот за МојДДВ реагираат дека доцнењето овој пат е речиси еден месец

Управата за јавни приходи се уште исплаќа пари од повратот на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за граѓаните кои скенирале сметки за последните три месеци од минатата година. Иако исплатата почна на почетокот на февруари има граѓани кои не го добиле повратот за МојДДВ реагираат дека доцнењето овој пат е речиси еден месец и прашуваат дали има некаков проблем. Додека од Управата за јавни приходи велат дека парите ќе бидат исплатени, потврдуваат дека еден налог за поврат е реализиран два пати, па меѓу 3.000 и 4.000 граѓани два пати на своите сметки имале уплати за последното тромесечје во 2020 година.

„Прв пат се случува толку да ни доцни исплатата на повратот на ДДВ. Помина месец од кога почна, а немаат добиено неколкумина мои блиски, вели З.П. од Скопје.

Од УЈП за Фактор потврдуваат дека еден налог не е реализиран, но дека процесот не е запрен и цело време има исплати и уверуваат дека деновиве парите ќе им легнат на сметките на овие граѓани кои скенирале сметки. Додека трае ова, граѓаните кои добиле пари два пати ќе бидат контактирани на електронската пошта и парите кои по грешка им биле исплатени ќе мора да ги вратат. Ако не го сторат тоа, тие нема да добијат поврат за скенираните сметки во следните месеци односно прво за трите месеци годинава.https://faktor.mk/tie-shto-dobija-povrat-na-ddv-dva-pati-da-ne-se-nadevaat-na-isplata-ako-ne-gi-vratat-parite-ujp-ushte-vrakja-pari-za-lani

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close