fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Тие што уплатиле за летување во 2020, ќе може да го искористат во 2022

Владата минатата година донесе уредба со која на граѓаните кои веќе платиле аранжмани истите да им се претворат во ваучери, за да не бидат принудени агенциите да им ги вратат парите.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека ќе им се излезе во пресрет на Туристичките агенции и тур-операторите да не мора оваа година да им ги вратат парите на граѓаните кои уплатиле за аранжамн за летување во 2020 кое потоа мораше да го одложат поради пандемијата.

Комората на агенциите бараше да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи состојбите се уште се неизвесни и не се знае дали и кога ќе се стабилизира ситуацијата и ќе може да се реализираат ваучерите.

Владата минатата година донесе уредба со која на граѓаните кои веќе платиле аранжмани истите да им се претворат во ваучери, за да не бидат принудени агенциите да им ги вратат парите.

„Речиси 90 отсто од аранжамините кои се пријавени во Министерството за економија, пошто така беше и решението, се купени за летување во Грција. Тие не можеа да бидат користени претходната година. Ако во случај и оваа година не ќе можат да бидат користени, секако дека ние ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот. Но ние секојдневно имаме увид во тоа како се користат тие ваучери и во моментот кога ние ќе помислиме дека тоа е потребно, секако дека ќе го продолжиме рокот ако имаме барање од граѓаните кои ги платиле аранжманите“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.https://faktor.mk/bekteshi-tie-shto-uplatile-za-letuvanje-vo-2020-kje-moze-da-go-iskoristat-vo-2022

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close