Тиквеш за три месеци ја зголеми добивката за 7%

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Бруто добивката за првото тромесечие од 2016 година достигна 107,5 мил. денари што е зголемување за 7%, односно за 6,8 мил. денари во однос на истиот период од минатата година, информира винарската визба Тиквеш преку Македонската берза.

tikvesh za tri meseci ja zgolemi dobivkata za 7 procenti

 

„Растот на бруто добивката е резултат на зголемените приходи од продажба на домашен пазар за 16,7 мил. денари, односно за 12% и зголемените приходи од продажба на странски пазари за 6,1 мил. денари, односно за 5%.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 283,7 мил. денари, односно се оствари зголемување од 9%. Оперативната добивка е зголемена за 11%, односно за 3,2 мил. денари, како ефект на оптимизирањето на оперативните приходи и расходи соодветно на продажбата.

Остварена е добивка од редовно работење од 15,3 мил. денари, што претставува зголемување за 2,5 мил. денари“, велат од Тиквеш.