Вино

Топло варено вино за зимските денови

Еден од омилените зимски пијалаци без сомнение е вареното вино. Овој пијалак е одлична причина да го соберете друштвото во топлиот дом исполнет со мириси на неодоливите зачини. За оние кои бараат усовршување на досегашниот пијалак, ви го претставуваме рецептот на Џејми Оливер кој гарантира рапсодија од вкусови.

toplo vareno vino za zimskite denovi

 

Состојки

  • 2 мали портокали
  • 1 лимон
  • 1 лимета
  • 200гр кафен шеќер
  • 6 каранфилчиња
  • 1 стапче цимет
  • 3 листа ловор
  • малку мускантно оревче
  • 1 стапче ванила
  • 2 ѕвезди анис
  • 2 шишиња црно вино
  • hitportal-vareno-vino1

Начин на подготовка

Излупете делови од кората на портокалите, лимонот и лиметата. Ставете го шеќерот во голем сад на среден оган, додадете парчиња од цитрусната кора и исцедете сок од портокал. Додадете ги карамфилчињата, стапчето цимет, ловоровите листови и мускантното оревче. Исечете го надолжно стапчето ванила, додадете една половина во смесата и промешајте, а потоа дадете токму толку црвено вино колку да ги прекрие состојките.

Оставете да крчка се додека шеќерот не се растопи потполно и не почне да врие. Оставете го виното да врие околу 5 минути, додека не добиете густ сируп. Причината поради која прво се прави сирупот е тоа што на овој начин се прави одлична вкусна основа. Важно е да го направите сирупот прв бидејќи треба да биде прилично жежок, а ако го направите истото со двете шишиња вино ќе го изгорите алкохолот.

Кога сирупот ќе биде готов, смалете ја јачината на огнот, додадете го анисот и остатокот од виното. Полека загрејте го виното и по околу 5 минути, кога ќе биде топло и вкусно префрлето го во чаши и сервирајте.

Совет: Сите состојки можете да ги намалите или да додадете некои свои омилени, со цел да добиете вино со вкус каков што преферирате. Најважно е да ја следите постапката за подготовка на сирупот кој е основа за совршениот вкус на вареното вино.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close