вестиВиноТоп вести

Едукативно предавање во чест на Денот на лозарите Св.Трифун

(Oвој напис е објавен на: февруари 13, 2020)

Едукативно предавање во чест на Денот на лозарите Св.Трифун

Во пресрет на денот на лозарите  Св.Трифун, лозари од Тиквешијата присуствуваа на предавање како да се произведе органско грозје и како да се премине од конвенционален на органски начин на производство на грозје. Лозарите стануваат свесни за предностите на ваквиот начин на производство.

Во Тиквешијата постојат парцели на кои се произведува на традиционален начин,кој е и органски начин на производство, но тие немаат сертификат за тоа.

-За еден конвенционален начин  да премине во органски треба преоден период од 3 години за кој земјоделците имаат право да добиваат субвенции 70% повисоки од субвенциите во конвенционалното земјоделство, меѓутоа земјоделците многу малку имаат информации за тоа – вели Горан Колев претставник од Сертификациско тело „Процерт“ Кавадарци.

На предавањето присутните лозари имаа можност да се запознаат со начините за органско производство како и со заштитните средства што може да ги применуваат во текот на процесот на производство, а со тоа да не го загрозат органскиот начин.

За новите препарати за заштита на лозовите и овошните насади, без каренца и негативни својства врз почвата говореше м-р Васко Манев од компанијата Хемомак  пестициди Велес. Она што е многу важно при користењето на заштитните  средства во  органскиот начин на производство е превентивата. Како што велат од Хемомак  бенефициите се многу поголеми  за земјоделецот, почнувајќи од безбедно производство па се до заштитана животната средина.

На предавањето лозарите имаа можност да слушнат искуствата  од стручни лица во оваа област и како може да имаат добри приноси и со ваков начин на производство.

Во Тиквешијата има 30 -40 производители кои практикуваат органски начин на производство од кои 10 се лозари кои поседуваат сертификати и неколку кои се во постапка за сертификација.

Предавањето го организираа:  Здружението „Тиквешки семејни винарии“, „Здружението на винари од Македонија“ и здружението на органски производители „Биовита“ од Кавадарци.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close