ВестиМакедонија

Трајан Ангеловски нов претседател на Индустриската комора на Македонија

Трајан Ангеловски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“ е новиот претседател на Индустриска комора при Сојузот на стопански комори.

Ангеловски е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората, а успешно раководи со „Ариљеметал“ повеќе од 10 години.

На седницата на Собрание на Индустриската комора на која беше избран, Ангеловски истакна дека мандатот ќе го посвети на создавање подобра бизнис клима за компаниите од индустрискиот сектор, преку интензивирање на соработката со надлежните институции во поглед на прилагодување на законската регулатива и модернизирање на постапките и процедурите, како и преку унапредување и продлабочување на соработката со релевантни меѓународни институции и организации.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close