Трактор John Deere ,Мулчер и 15 контејнери е новата опрема за ЈКП Комунална Хигиена -Новаци преку проектот СИМБИОЗА

(Oвој напис е објавен на: May 4, 2019)

Преку проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “- СИМБИОЗА од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија –Република Грција набавен е трактор, мулчер кој ќе се користи за косење на комунални површини и зеленило и 15 контејнери со капацитет од 1100 литри.Оваа опремата ќе ја користи ЈКП„ Комунална Хигиена“ Новаци со цел подобри комунални услуги спрема граѓаните на општина Новаци .


„ Набавивме трактор John Deere, мулчер и 15 контејнери кои ќе служат за спроведување на проектот Симбиоза и за работењето на претпријатието кои ќе придонесат и за подобрување на комуналните услуги” .-истакна Директорот на Комунална Хигиена Новаци, Борче Јовановски.

Партнери во проектот од македонска страна се ЈП. Комуналец од Битола и Движење за околината Молика од Битола а од грчка националниот Универзитет од Атина, Компанија за управување со отпад од Западна Македонија „Дијадима“ и Центарот за иновации и култура „Инополис“.

Проектот ќе трае 24 месеци, започна во мај 2018 а ќе трае до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 836 илјади евра. Буџетот на Комунална Хигиена изнесува 62 илјади евра.

Проектот „ Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “- СИМБИОЗА е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

Share Button