Трговските маржи го изедоа јагнешкото
Сточарите велат дека се соочуваат со најниска откупна цена што се движи од 120 денари за килограм, констатирајќи дека со оваа цена подобро да не ги продадат јагнињата.
Константно ниските откупни цени на јагнето се причината поради која се празнат трлата во нашата држава и пропаѓа цела една многу значајна сточарска гранка, а пандемијата на коронавирусот дополнително ја влоши состојбата. Сточарите велат дека се соочуваат со најниска откупна цена што се движи од 120 денари за килограм, констатирајќи дека со оваа цена подобро да не ги продадат јагнињата. Тие се револтирани затоа што имаат високи трошоци, а цените на јагнето не се на задоволително ниво.
– Оваа цела година е најлоша досега. Цената на јагнињата е најниска. Таа се движи околу 120 денари за пролетното јагне, а 160 денари за божиќното јагне. Сточарите немаат никаква добивка. Од кланиците им ги откупуваат пролетните јагнињата за две евра, а тие потоа во западните земји ги продаваат за осум евра. Трошоците се големи и не им се исплати да чуваат – објаснува Љупче Станковски, претседател на здружението на земјоделци „Агрофаланга“.
Како што додава тој, одгледувачите на овци бараат државата да донесе мерки за заштита на производителите, кои се чувствуваат уценети, бидејќи се принудени да ги продаваат јагнињата по цени што се далеку под производствените трошоци со што само прават загуби.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B6%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-